Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕНЗИНИТЕ ЗА ДВА, ДИЗЕЛОТ ЗА ДЕНАР И ПОЛОВИНА - Регулаторна ги зголеми цените на горивата

БЕНЗИНИТЕ ЗА ДВА, ДИЗЕЛОТ ЗА ДЕНАР И ПОЛОВИНА - Регулаторна ги зголеми цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,02 олтсто. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,526 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,053 ден/кг.

Од 14.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  73,00  (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  75,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  64,50  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  64,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  40,053  (денари/килограм)

Од Регулаторна велат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 5,848%, кај дизелотза 4,015%, кај екстра лесното масло за 5,285 %и кај мазутот за 4,763%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,31 %  .

Слично

Поврзани вести