Бензините поскапуваат од полноќ
Ново поскапување ќе имаме на бензините од полноќ.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за 2,00 денари за литар, а малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари за литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,261 денари за килограм и сега ќе изнесува 53,848 денари за килограм.
Од 10.5.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 90,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 92,50 (денара/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 89,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 53,848 (денари/килограм)
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 % во однос на одлуката од 4.5.2022 година.