Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бензините поскапуваат, дизелот останува 92 денари за литар

Бензините поскапуваат, дизелот останува 92 денари за литар

Од полноќ се зголемуваат цените на бензините, додека дизелот останува на истото ниво. Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната одлука од 18 мај.

Најкористениот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 0,50 денари и од 27 мај ќе се продава по максимална цена од 87,50 денари за литар. За исто толку поскапува и ЕУРОСУПЕР БС-98, кој ќе чини 89,50 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС останува непроменета и ќе изнесува 92 денари за литар. Тоа значи дека дизелот и понатаму останува поскап од бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за 4,50 денари по литар.

Според новата одлука, Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50 денари и ќе чини 94 денари за литар. Мазутот поскапува за 0,330 денари и неговата максимална цена ќе изнесува 51,144 денари за килограм.

Иако референтните цени на светскиот пазар бележат намалување, кај бензините за 0,723 проценти, кај дизелот за 0,982 проценти, кај екстра лесното масло за 0,545 проценти и кај мазутот за 0,348 проценти, пресметката е под влијание на повисокиот курс на доларот. РКЕ наведува дека курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,0116 проценти во споредба со претходната пресметка.

Новите максимални цени ќе важат од 27 мај од 00:01 часот. Трговците можат да продаваат и по пониски цени од утврдените максимални цени.

Слично

Поврзани вести