Бензините поскапеа а од денес се точат по овие цени
Новиот ценовник на нафтените деривати кој од ноќеска почна да важи ни донесе поскап бензни за половина денар.
РКЕ одлучи следниве седум дена возачите да точат ЕУРОСУПЕР 95 по цена од 67 ден/лит и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 69 ден/лит.
Одлуката на регулаторното тело пак не носи промени во цената на дизелот . Тој по иста цена како и минатата недела ќе се точи и во овие седум дена.
Надлежните информираа дека промени во цените има поради поскапувањето на нафтата на светските пазари.
Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот останува со иста цена, поради поскапувањето на нафтата на светските пазари.
Слично
