Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНУВААТ ТРИ ДЕНАРИ, регулаторна со нова одлука

БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНУВААТ ТРИ ДЕНАРИ, регулаторна со нова одлука

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто во однос на претходната одлука.

- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,272 отсто, кај дизелот за 2,286 проценти, кај екстра лесното масло за 1,722 отсто и кај мазутот за 3,656 проценти - велат од РКЕ.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 3,00 денари за литар, на Еуродизел (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 16.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95   102,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98   104,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    100,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   98,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС        50,903 (денари/килограм)

Слично

Поврзани вести