Бензините поевтинуваат од полноќ, дизелот – не!
Од половина денар до еден денар поевтинување изнесува корекцијата на цените кај бензините од ноќеска на полноќ. Дизелот, пак, останува со непроменета цена.
Бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за еден денар и ќе чини 79 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98, пак, се намалува за 0,5 денари и ќе се продава по 80 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Непроменети остануваат цените на еуродизелот и екстралесното масло за домаќинство.
Мазутот поскапува за 0,782 денари и еден килограм ќе чини 40,492 денари.
Слично
