Економија, финансии, бизнис

Контакт

На полноќ поевтини горива за два денари!

На полноќ поевтини горива за два денари!
Поевтини бензини ќе може да се точат од денеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Птитоа за два денари по литар паѓа цената и на бензините и на дизел горивото. Оттука новата малопродажна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 пак ќе има цена од 78 денари додека дизелот, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар гориво. Поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,5 денари и ќе чини 57,50 денари за еден литар, додека за 1,078 денари за килограм се намалува цената на мазутот кој ќе чини 39,457 денари за килограм. Со оваа одлука на Регулаторот малопродажните ценуи на нафтените деривати паѓаат за 2,7 отсто. Од Комисијата се одлучиле за поевтинување поради движењата на цената на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и курсот на денарот во однос на доларот. Следната корекција ќе биде направена за две седници, односно горивата ќе добијат нови цени на 18 ноември.
Слично

Поврзани вести