Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Бенквоч“: Експресниот пат Охрид – Пештани „погубен“ за биодиверзитетот на Охридско Езеро

„Бенквоч“: Експресниот пат Охрид – Пештани „погубен“ за биодиверзитетот на Охридско Езеро
Меѓународната екологистичка организација „Бенквоч“ го вклучи алармот до надлежните институции дека доколку се реализира изградбата на експресниот пат Охрид – Пештани ќе се направи непроценлива штета врз биодиверзитетот и пејзажот на Охридското Езеро Државата пак, тврди дека ќе извлече голема полза од инвестицијата на ЕБРД во националната програма за патишта, која вклучува четири патни делници. Апелот на „Бенквоч“ доаѓа на само еден ден  пред Собранието на Република Македонија да изгласа гаранција за заем од 160 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) кои ќе бидат наменети за развој на патната инфраструктура на Македонија, во што е вклучен и планираниот експресен пат Охрид – Пештани. „Оваа делница е дел од новиот експресен пат до Јадранското Море кој се заканаува значително да го оштети пејсажот и биодиверзитетот на главната туристичка атракција. Апсурдно е да се уништи место под заштита на УНЕСКО и националниот парк Галичица за да се претвори Охридското Езеро во место за застанување на патот до море. Македонските пратеници треба да се запрашаат за оправданоста на оваа инвестиција“, истакна Фиданка Бачева – Мекграт, задолжена за ЕБРД во „Бенквоч“. Според неа проектот на Македонија ќе и донесе само штети. „Несфатливо е како овој инфраструктурен проект би го поттикнал регионалниот развој ако го уништи главниот туристички адут на Македонија – природата и пејсажот на и околу Охридското Езеро“, додава таа. Овој проект беше одобрен од бордот на ЕБРД во ноември и веќе се пуштени 74 милиони евра за две делници. Одобрувањето на втората транша во износ од 86 милиони евра, во која е вклучена и изградбата на делницата Охрид – Пештани го чека завршувањето на еколошките и социјални проценки.  
Слично

Поврзани вести