Бенефициран стаж и унапредувања за пожарникарите
Пожарникарите добиваат и бенефициран стаж и статус на овластени службени лица од областа на безбедноста, што е унапредување во однос на позицијата.
Ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го најави на социјалните мрежи, а истото било побарано минатата година во Охрид при посета на терен.
„Станува збор за барање кон кое сериозно се пристапи, беа направени детални анализи и искористени компаративните искуства од другите држави, при што беа изработени и усвоени измени на законот за пожарникарство со што се излезе во пресрет на барањето на пожарникарите. Имено со решението кое беше преточено во закон, а кое овој месец стапува во сила се реши барањето на вработените во сите територијални противпожарни единици кои сега добиваат статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата“- образложува Груевски.
Со ова се овозможува и поголема заштита при извршувањето на нивните одговорни и значајни работни задачи, како и добивање на бенефиции и овластувања кои ги носи повисокиот статус. Покрај ова со законските измени, а согласно комплексноста, тежината и опасноста на работните задачи на пожарникарите, истите добиваат и бенефициран стаж, односно за секои 12 месеци ефективна работа ќе се сметаат 15 месеци стаж на осигурување.
Слично
