Белорусија воведе ембарго за македонски производи
Белорусија ѝ воведе ембарго на Македонија.
Забранети за увоз се месни производи, сол, кондиторски производи, млеко, јаткасти плодови, овошје.
Белорусија од 1 јануари 2022 година ќе воведе ембарго на увоз на широк спектар на прехранбени производи од земјите кои воведоа санкции против официјален Минск, објави прес-службата на белоруската влада.
„Утврдениот список на роба со потекло од ЕУ и нејзините членки, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Обединетото Кралство, Црна Гора, Швајцарија е забранет за увоз на територијата на Белорусија и продажба на територијата на Белорусија“, стои во документот, објавен од белоруската влада.
Прес-службата на владата на Белорусија посочува дека одлуката е донесена „со оглед на постојаните обиди на колективниот Запад да изврши незаконски санкции притисок врз земјата“.
foto freepik.com
