БЕЛОРУСИЈА НА РАБОТ НА БАНКРОТ ВЕДНАШ ПО ШРИ ЛАНКА: Се остваруваат застрашувачките проекции на економските аналитичари
Меѓународната рејтинг агенција со седиште во Лондон, Fitch
Ratings, го намали долгорочниот рејтинг на Белорусија од „CCC“ на „C“.
Ова ја носи оваа земја чекор поблиску до банкрот, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на агенцијата, пренесува novinite.com.
Намалувањето на рејтингот уследи по одлуката на Советот на министри и Народната банка на Белорусија исплатите на обврските по еврообврзниците наместо во американски долари да бидат во рубљи, пишуваат бугарските медиуми.
„Ова е спротивно на обврските од договорот за обврзници, кој не дозволува порамнување во алтернативни валути“, нагласуваат од агенцијата.
Доколку еврообврзниците на Белорусија не се исплатат до крајот на грејс периодот на 13 јули, Фич ќе го смета за банкрот и ќе ја намали рејтингот на Белорусија на „РД“ (ограничен банкрот), а потоа на „Д“ (стечај). Таа ќе има таков статус додека Белорусија не ги нормализира односите со меѓународните кредитори“, предупредува агенцијата.
Пред Белорусуја, Шри Ланка практично прогласи банкрот, а заради најтешката финасиска состојба, земјата ја „тресат“ масовни протести кои резултираа со оставка на прмиерот Ранил Викремесинг. Тој пред неколку дена изјави дека земјата стапила во преговори со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за заживување на економијата на земјата, нагласувајќи дека разговорите со ММФ биле „тешки“ бидејќи тие влегле во дискусијата како „банкротирана“ земја, а не земја во развој.
ФОТО: EPA/TATYANA ZENKOVICH