Белји: Кризата ќе се реши со имплементација на Договорот од Пржино
Американскиот амбасадор во земјава тврди дека решението за кризата која трае веќе подолг период вели дека е во договорот од Пржино.
Џес Бејли денеска истакна дека заедно со амбасадорите и дипломати во земјава се залага за излез од кризата преку билатералните среди кои меѓу претставници од партиите потписнички на договорот .
Тој вели дека се работи на имплементација на пржинскиот договор кој ги даде насоките за утврдување на одговорност, имајќи го предвид прислушувањето и сериозните тврдења што произлегоа од него.
„Се надеваме дека ќе следат реформи и кредибилни избори и дека луѓето ќе учествуваат во овој процес. Тоа е суштината на Договорот од Пржино и тоа што САД и ЕУ се обидуваат да го постигнат како пријатели на Македонија“, вели Бејли.
