Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беличанец: Новите измени се типичен пример за влез во сферата на правото

Беличанец: Новите измени се типичен пример за влез во сферата на правото
Владата сака да создаде нов вид работен однос, кој по Закон не може да биде работен однос. Новите измени со кои се предвидува плаќање на придонеси на хонорарните работници целосно го уриваат Законот за работни односи. Ова се оценките на првиот човек на Здружението на правници, Тито Беличанец, за кого нон сенс е авторското дело да се третира како работен однос. „ Ако владата сакаше  да ги оданочи трудовите ангажмани кои се под посебен правен режим, тогаш требаше прво да ги подели на вработени, невработени и да го зголеми данокот. Придонес се плаќа за осигурување од ризик. Во здравство осигурување за здравјето и во пензиско осигурување во староста. Не може придонес да се плаќа во сфера и за дејност и обавување на работни задачи кои имаат сосема друг работно – правен третман“, истакнува Беличанец. Од здружението на правници коментираат дека владата наместо вакви решенија требало да ги подобри досегашните законски регулативи со кои ќе се контролираа сите кои подолготрајно работеле со авторски или договори на дело.
Слично

Поврзани вести