БЕЛГРАЃАНКА ЈА ВООДУШЕВИ ЦЕЛА СРБИЈА: Издавам стан за самохраните мајки кои се исфрлени поради Русите
Растат цените на квадрат во Србија, но и на кириите, од гарсоњери па до оние поголемите, трособните. Поради големата побарувачка и помалата понуда, сега фалат неколку илјади недвижни имоти за издавање, велат експертите.
Доаѓањето на Русите, но и на Украинците е дополнителен, но не и клучен фактор за раст на цените, пишуваат српските медиуми.
Сепак, многу газди ги исфрлиле станарите за да ги примат Русите за многу поголема цена. Но, во морето на лакоми издавачи, има и хумани.
Една жена од Белград ги воодушеви сите откако објави дека издава мал стан од 33 квадрати исклучиво за мајка со дете која поради оваа ситуација останала без сместување.

Потоа се јавија и други издавачи кои наведоа дека со години цените се исти и дека сега не ја злоупотребиле ситуацијата за да наплатат повеќе.
