Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белградскиот аеродром руши рекорди

Белградскиот аеродром руши рекорди
Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ руши рекорди со своето работење. Соопштено е дека во 2015 година имал исклучиво добри резултати и очекуваната добивка е 3.314 милјарди динари, што е најдобар резултат досега. Бруто добивката е 3.971 милјарда динари, што е за 6% повеќе во однос на 2014 година. Аеродромот имал рекорден промет на патници и стоки, а во буџетот на Србија по основ на дивиденди и меѓудивиденди уплатил 2.2 милјарда динари. „Во 2015 година примивме повеќе од 4.77 милиони патници. Новиот историски рекорд донесе покачување за 3% во однос на 2014 година. Бројот на полетувања и слетувања е ист, а превозот на стоки и пошта е зголемен за 25, односно 34%“- рече генералниот директор Саша Влаисављевиќ. Тој очекува дека и оваа година ќе имаат слични резултати, а изминативе два месеци од 2016 година даваат надеж. Се надеваат дека белградскиот аеродром ќе се најде на листата на 20 најдобри аеродроми, кои најпрецизно го обавуваат авио сообраќајот.    
Слично

Поврзани вести