Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белградскиот аеродром ги снижува цените за авиокомпаниите

Белградскиот аеродром ги снижува цените за авиокомпаниите
Белградскиот аеродром „Никола Тесла" од утре за 5% ги намалува давачките за своите услуги кон воздушните превозници , пренесува агенцијата БЕТА. Целта на снижените аеродромски услуги е да се привлечат авиокомпаниите и да се одржи најголемиот пораст на обемот на воздушниот сообраќај во регионот. Цената за слетување на авионите на „Никола Тесла“ се намалува за 5 проценти, додека надоместокот за користење на аеродромската инфраструктура за 4 проценти. Ова е трето снижување на цените на услугите на белградскиот аеродром годинава. Зимски распоред ќе се применува до 30 март 2013-та, а на белградскиот аеродром ќе сообраќаат 27 авиокомпании кои летаат до 45 дестинации.  Нова компанија, која ќе почне лета од Белград е „Катар ервејс“од 20-ти ноември, на релација Белград-Доха,  три пати неделно. Во текот на зимата, унгарски нискобуџетен превозник „Виз Ер“, исто така ќе воведе нова линија Белград-Базел, со почеток од 15-ти декември.  Најголемите гужви аеродромот, вообичаено се очекуваат околу Божиќ кога „ЈАТ Ервејс“ ќе го зголеми бројот на летовите за Цирих и Москва,  а авиопревозникот „ФлајДубаи“, покрај редовните, ќе воведе и осум дополнителни летови за Дубаи.
Слично

Поврзани вести