Белград урива рекорди со загаден воздух - утрово беше број еден во светот
Весникот Блиц пишува дека воздухот во српскиот главен град Белград утрово беше најзагаден во светот.
Податоците од апликацијата „IQ Air“, покажуваат дека Белград повторно беше на првото место на листата на најзагадени градови во светот. Индексот на загаденост бил 172.
Малку подобри беа главните градови на Индија, Полска и Обединетите Арапски Емирати, кои ги заземаат второто, третото и четвртото место на оваа листа. Меѓу првите пет е и Кина, односно главниот град Пекинг.
Сега листата покажува дека на врвот е Ченгду во Кина, а на 10-то место е босанскиот главен град Сараево.
Слично
