Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белград побара да се истражи нападот врз српскиот премиер во Сребреница

Белград побара да се истражи нападот врз српскиот премиер во Сребреница

Српските власти побараа од Босна и Херцеговина веднаш да се истражи нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ во Сребреница и виновниците да бидат казнети, пренесоа агенциите, повикувајќи се на протестната нота врачена на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Царндак.

„Српскиот премиер Александар Вучиќ покажа со своето присуство подготвеност да се поклони пред жртвите во Сребреница и направи чекор кон развојот на односите како со регионот, така и со целата земја. Од високите функицонери на Босна и Херцеговина очекуваме јавна осуда на обидот за убиство на српскиот премиер“, се наведува во нотата.

Вучиќ беше погоден со камен во лицето и полесно повреден за време на комеморацијата во Сребреница, посветена на 20-годишнината од масакрот на 8.000 босанските муслимански мажи и момчиња. Да им оддадат почит, во Меморијалниот центар Поточари пристигнаа премиерот на Србија, Вучиќ, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, на Словенија, Борут Пахор и други високи гости и дипломати.

Слично

Поврзани вести