БЕЛГРАД: „Парада на гордоста“ против „Парада на семејството“!
Полицијата целосно го затвори централниот дел на Белград каде што треба да започне Парадата на гордоста, организирана од повеќе ЛГБТ здруженија. Пет лица се веќе приведени, под сомнение дека подготвувале инциденти.
Од утрово целиот град е практично под полициска опсада, поради стравувањата дека за време на манифестацијата се можни инциденти.
Забрането е движење на возила низ централните и најпрометните улици во градот, а променет е и режимот на јавниот градски превоз.
Учесниците на парадата веќе започнаа да се собираат, а поддршка се очекува да им даде и белградскиот градоначалник Синиша Мали. Српскиот премиер Александар Вучиќ, пак, најави дека нема никаква намера да се појави на парадата, но ќе стори се за да го овозможи нејзиното непречено одржување.
Како е на улиците на Белград од утрово, повеќе на следниот линк:
(ВИДЕО) Белград од утрово под опсада – геј парада ќе има, есктремната десница најавува контра-протест
Есктремноте десничарско движење „Двери“, пак, за попладнево ги повика граѓаните да излезат на протестна семејна прошетка, на која ќе го изразат своето несогласување со парадата.
Оваа манифестација треба да се одржи под мотото: „Традиционален брак, семејство и деца - никако геј парада!“
Слично
