Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белград обоен во шаренило, под голем полициски надзор се одржа парада на гордоста

Белград обоен во шаренило, под голем полициски надзор се одржа парада на гордоста

Овогодинешната ,,Парада на гордоста” во Белград под голем полициски надзор, помина без инциденти и во мирна атмосфера.

Еден од организаторите Горан Милетиќ вели дека многубројната полиција на овој марш е доказ дека во Србија има уште многу работа за ова прашање.

Особено контраверзен момент бил оној кога група од околу 70 лица предводени од свештеници се движеле по истата патека на учесниците на парадата, и ги посипувале со света вода.

Но, сепак тој вели дека фактот што на парадата присуствуваа повеќе од 2 000 луѓе и што се поминало без инциденти и организирано насилство, е само по себе успех.

Особено го радува тоа што на оваа парада учествувале и транслексуалци, кои според него се многу важен дел во ЛГБТ заедницата.

Малетиќ вели дека и овогодинешниот марш поминал без конкретни преговори со власта.

Слично

Поврзани вести