Белград не го признава договорот ЕУ – Косово
Српските власти не го признаваат договорот за асоцијација на Косово во ЕУ.
„Самиот факт дека договорот со Косово е склучен на начин различен од другите, сведочеше дека Косово не е држава“, коментирал шефот на владината канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, цитиран од агенциите.
Претходно денеска светските медиуми објавија дека Европската унија го има потпишано долгоочекуваниот договор за стабилизација и асоцијација со Косово, што ќе доведе до зближување помеѓу малата балканска земја и Унијата. Таа, исто така го отвора патот на Косово за членство во ЕУ.
Шефот на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини и косовскиот премиер Иса Мустафа се потпишаа на документот во зградата на Европскиот парламент во Стразбур.
