Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЛГРАД: Народна Банка одлучи, нема повеќе „гага“ кредити!

БЕЛГРАД: Народна Банка одлучи, нема повеќе „гага“ кредити!
Нема повеќе дозвола за продажба на кредити кои не може да се наплатат од граѓаните, ваква одлука донесе Народната банка нa Србијa. Искуството покажува дека во периодот кога тоа се правело имало многу злоупотреби и лошо однесување кон должниците. mkd-1821681   Постоечкиот Закон за заштита на корисниците на финансиски услуги ги отстрани сите негативни последици од постапките на претпријатијата на кои им беа отстапувани побарувањата. Во периодот во кој на банките им било овозможено да ги продаваат побарувањата од граѓаните, пред 2011 година, банките не ги известувале корисниците за висината на долгот, ниту за самата продажба, ниту пак пред да го продадат долгот користеле расположиви средства самите да го наплатат, пишува "Новости". - Исто така, при продажба на долговите на населението на тие фирми им се давале комплетните кредитни досијеа на должниците. На тој начин тие претпријатија ги добивале личните податоци на корисникот, што е спротивно на Законот за заштита на податоци за личноста. Од друга страна, граѓаните немале можност од фирмите на кои им бил отстапен долгот да добијат податоци за правната основа на долгувањето, за висината на долгот, неговата структура и периодот за кој се однесува, наведуваат во НБС. Со Законот за заштита на корисниците на финансиски услуги пропишано е дека побарувањата од корисникот граѓанин банката може да и ги отстапи само на друга банка. Повеќето од српските банки не сакаат да ги продаваат лошите кредити на граѓаните на специјализираните фирми, зашто тоа на банката и носи само 10 до 30 отсто од пласираните пари. Во Србија има голем процент на ненаплатливи кредити. Најмногу се во стопанството, каде официјално изнесуваат 23 отсто. По тоа Србија е втора во светот по Романија. К.К.
Слично

Поврзани вести