Белград ја попречува Македонија на патот кон ЕУ, вели Топалов
Белград ја попречува Македонија на патот кон ЕУ, рече во изјава за БТВ, професорот Кирил Топалов, член на Заедничката бугарско-македонска комисија.
Вели дека „Северна Македонија не сака да влезе во ЕУ под изговор дека Бугарија не ги пушта“.
„Белград никогаш нема да ги пушти во ЕУ пред себе, но можеби и Србија, исто така, не сака да влезе во Унијата. Договорот за пријателство и добрососедство, потпишан меѓу Бугарија и Северна Македонија пред четири години, сѐ уште би требало да има ‘тежина‘, бидејќи е официјален договор меѓу две држави и ако се однесуваат сериозно кон меѓународните односи, кон нивната иднина и кон народот, тој би требало се почитува“, додаде тој.
Според него, Резолуцијата прави договорот да биде бесмислен. Следната седница на Заедничката историска комисија треба да се одржи во втората половина од октомври. Поради блокадата од Бугарија, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ.
