Белград испрати демарш до Тирана заради инцидентот на фудбалскиот натпревар
Инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија во Белград се префрли на дипломатско поле. На албанскиот амбасадор во Белград денеска во српското Министерство за надворешни работи му бил врачен демарш со остар протест за вчерашниот инцидент.
Српското МНР го осудило инцидентот како смислена и однапред планирана провокација. Амбасадорот Илир Бочка не сакал да го коментира настанот.
„Провокацијата беше изведена со намера да се предизвикаат немири во Белград за да се фрли во сенка фактот дека Србија многу успешно ја негува соработката во регионот“, стои во демрашот.
Истовремено се нагласува дека „Србија не може да сноси одговорност за неодговорните провокации на албанските гости и ќе продолжи да работи на развивање на добрососедските односи“.
Инцидентот се заканува да ја доведе во прашање планираната посета на албанскиот премиер Еди Рама во Белград, која требаше да биде историски сигнал за позитивен исчекор во односите меѓу двете земји.
Слично
