Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белград го преживеа најтоплиот ден во 130 години

Белград го преживеа најтоплиот ден во 130 години

Со  40 степени Целзиусови вчерашниот ден е најтоплиот во изминатите 130 години во главниот град на Србија.

Во периодот меѓу 16 и 17 часот измерени се 40 степени со што е надмината прогнозираната максимална температура за главниот град. Претходниот најтопол 5 август – со 39 степени, бил во 1928 година, пишуваат српски медиуми.

Во цела Србија и понатаму е на сила црвен метеоаларм. РХМЗ на Србија издаде предупредување за подрачјето на Србија за високи температури до 10 август.

Во некои балкански градови граѓаните тврдеа дека измериле и 50 степени. 

Инаку, топлотниот бран која го зафати Балканот последниве неколку денови ја загреа површинската вода на Јадранското Море. Најтопло, со пемператури од 29 и 30 степени Целзиусови е на најсеверните брегови на Италија, кај Фриули и Венето и на северозападот на Истра.

Слично

Поврзани вести