Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија
Белгиската компанија СЦР Сибелко, позната во светот по експлоатација на индустриски минерали и нивна продажба, регистрираше своја подружница во Македонија. Засега нема информација кој ќе биде коонкретниот интерес на мултинационалната корпорација, освен тоа дека регистрираната дејнст е рударство и вадење камен.
SCR-Sibelco е глобална компанија со седиште во Белгија, која се занимава со екстракција, преработка и дистрибуција на индустриски минерали — особено на песоци, кварц, разновидни минерали како силициум, каолин, фелдшпат и други. Минералите кои ги нуди се користат во широк спектар индустрии - градежни материјали, металургија, пластики, електроника и друго. Конкретно, на пример од овие материјали се прават екрани за паметните телефони, или турбини за ветерници. Компанијата има многу локации низ светот со стотици рудници и објекти за преработка.
Со други зборови: SCR-Sibelco е глобален снабдувач на индустриски минерали и суровини како песоци, кварц, глини, фелдшпат, оливин и сл., кои потоа се користат како основа за разните индустрии.
Како групација има илјадници вработени и е застапена во 31 земја. Во 2024 „Сибелко“ оствари приходи од 2,225 милијарди евра и прикажа добивка од 131 милион евра. Во акционерската структура учествуваат главно неколку богати фамилии од Белгија и разни институционални или индивидуални акционери со многу помали удели.
Од глобалните рударски корпорации, во изминатиот период единствено многу поголемиот играч „Англо Американ“ покажа интерес за инвестирање во Македонија и оствари средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.Во структурата на бруто домашниот производ, според податоците на Државниот завод за статистика, рударската инудстрија во земјава учествува со само 1,5 отсто. За разлика од пред една деценија кога тоа изнесувало речиси 15 проценти.
Во тек е процедура за донесување нов Предлог-закон за рударство. Ресорното министерство тврди дека ќе се акцентира заштита на животната средина. Од друга страна, има и коментари дека неговата главна цел е да ги олесни и забрза рударските операции, со што се создаваат ризици за екосистемите и водните ресурси
А.К.
