Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгија ќе го тужи „Фејсбук“

Белгија ќе го тужи „Фејсбук“

Белгиски суд започнува оваа недела тужба против „Фејсбук“ поради злоупотреба на лични податоци, објавија локалните медиуми.

Националната комисија за заштита на личните податоци утврдила дека американската социјална мрежа не ги почитува европските и белгиските закони. Според студија на фламанскиот центар за дигитални истражувања (iMinds) и Слободниот универзитет во Брисел, „Фејсбук“ обработува тајно за личните податоци на своите претплатници и на други корисници на интернет, без да им побара согласност.

Во други информации се истакнува дека до крајот на годината во Антверпен, вториот по големина белгиски град, ќе биде воведено следење на движењето на граѓаните, благодарение на сигналите од нивните мобилни телефони.

Градоначалникот на градот Барт де Вевер објаснува дека личниот живот на луѓето нема да биде засегнат, бидејќи собраните податоци ќе бидат обработени анонимно.

Општината го има нарачано проектот „Град на работите“ од центарот „iMinds“. Предвидено е да бидат собирани податоци за донесувањето на главните градски улици. Официјално причината за воведување на ова следење е да се воспостави „како луѓето се движат во градот“.

Слично

Поврзани вести