БЕЛАТА КУЌА ЗА РЕКОРДНИОТ ПАД НА БЕРЗАТА: Тоа се краткорочни колебања на пазарите
Белата куќа по веста дека индустрискиот индекс Dow Jones на њујоршката берза во понеделникот го имал најголемиот дневен пад од светската финансиска криза во 2008та, реагираше со оцена на портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп дека „доаѓа до краткорочно колебање на пазарите“.
Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс рекла дека Трамп е фокусиран на „долгорочни економски основи, кои се и понатаму исклучително силни“ и додала дека тие основи вклучуваат американски економски раст, невработеност на историски минимум и зголемување на платите на вработените.
Со години на Волстрит немало ваков страшен ден, а акциите беа во слободен пад, бидејќи Dow Jones паднал за речиси 1 600 поени, што без конкуренција е најголем пад во поени во историјата на еден ден тргување.
Се наведува дека купувачите возвратиле и ја ограничиле штетата, но дека на затворањето на берзанскиот ден Dow бил и понатаму во пад во износ од 1 175 поени, што е повторно најлош резултат на овој индекс на затворањето некогаш забележан.
Вкупниот пад изнесувал 4,6 отсто, што сепак не е близу до уништувања какви што предизвикаа така наречениот Црн петок од 1987 година или финансиската криза од 2008.
Се топат акциите во САД, трпи и Азија - Мала криза или невоља во најава?
Њујоршките берзи се соочуваат со топење на вредноста на пазарот на акции и главните индекси бележат големи падови, нешто што се нема случено од 2011 година, па многумина веќе се запрашуваат дали на повидок е нова финансиска криза која може да ги урне светските пазари. Првите знаци на тревога веќе се кренати бидејќи негативните последици на Вол Стрит се пренесоа и во Азија каде исто така пазарите на капатал трпат загуби и пад на вредноста на акциите.
Читајте повеќе за темава тука.