Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Од вторник увоз на зејтин од сите држави, забраната на Србија не е за Македонија

Бектеши: Од вторник увоз на зејтин од сите држави, забраната на Србија не е за Македонија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на брифинг со новинарите рече дека Владата донела одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед затоа што од почетокот на март надвор биле продадени 330 тони од овој продукт произведен во Македонија.

- Забраната е донесена со цел да се стабилизираат цените на пазарот, а таа е започната од вчера од 19.00 часот. Ова го одлучивме откако видовме дека од 1 март па до вчера има извоз на 330 тони масло за јадење, рече министерот.

Бектеши дополни дека Владата размислува да го ограничи и извозот на брашно, како и на други производи, затоа што во последно време има голема побарувачка од Грција и од други земји.

За да бидат поевтини цените на зејтинот, тој најави дека од вторник ќе може да се увезува од сите држави без царинска ставка, односно таа за овој производ ќе биде 0 отсто.

- До сега оваа ставка беше само за земјите од ЦЕФТА, а сега нема да има царинење на маслото за јадење што же биде увезено од сите земји. На тој начин повеќе ќе се поттикне конкурентноста, изјави Бектеши.

Од четврток Србија ќе забрани извоз на пченица, брашно, пченка и масло додека ситуацијата не се стабилизира. Бектеши рече дека оваа одлука на Србија нема да се применува за Македонија и дека ако има зголемување на цената на пченицата на берзата, тогаш ќе се субвенционира увозот.

Министерот очекува наскоро овошјето и зеленчукот да поевтини на македонскиот пазар, поради увозот од Турција.

- Во моментов пазарот во Украина и Русија за Турција е загубен и тоа значи дека во Македонија овошјето и зеленчукот што доаѓа од таму ќе се продава поевтино, тврди тој.

За ваучерите за најранливите категории за основни производи за исхрана (по 1.000 ден за 3 месеци за 35.000 корисници), Бектеши дополни дека ќе важат само за домашните продукти.

А.К.

Слично

Поврзани вести