Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Ќе има државна помош за компаниите кои произведуваат основни производи

Бектеши: Ќе има државна помош за компаниите кои произведуваат основни производи

Крешник Бектеши синоќа во емисијата на Клан Македонија објави дека денеска ќе има средба со дел од компаниите кои произведуваат основни суровини, за кои се очекува да добијат владини субвенции.

„Фирмите од посебната стратегија за производство на основни производи ќе имаат и субвенции од Владата. Утре имам состаноци со скоро сите овие компании и најдоцна до крајот на неделата ќе почнеме. Ќе треба да не уверат дека го намалуваат производството на основните производи, па сигурен сум дека договорот ќе биде постигнат“, изјави синоќа Бектеши.

Во врска со понудата на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за излез од енергетската криза, министерот рече дека прво тој треба да го одобрат граѓаните.

„Мицкоски нема понудено никаков план за излез од енергетската криза, тоа се само зборови, лесно се пишува и се кажува на хартија, но да се делува е проблемот. Не повика во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, но и треба граѓаните да го изнесат својот став за неговиот план, контакти и понуди. Или нека ми го даде и јас ќе го објавам јавно“, рече тој.


Слично

Поврзани вести