Бектеши: За десет дена следува намалување на цените на храната, разговарав со производителите
Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешниот брифинг објави дека Државниот пазарен инспекторат ќе добие список со 200-те компании од прехрамбениот сектор кој со договори од ЕСМ Енергетика од следниот месец ќе добиваат фиксна субвенционирана електрична енергија од 89 евра по мегаватчас.
- Целата листа на тие што ќе добијат субвенционирана струја ќе биде доставена до Државниот пазарен инспекторат за да можат да ги направат соодветните контроли. Ако нема намалување во наредните десет дена на овие производи што ги наведов, ги повикувам граѓаните да пријават во Државниот пазарен инспекторат, рече министерот.
Бектеши пред новинарите рече дека официјални претставници во изминатиот период во разговори со големите производители на храна добиле уберување дека нивните производи ќе поевтинат во наредните десет дена.- Во наредните десетина дена очекуваме намалување со мерките со ограничените маржи, а особено од 1 декември дополнително со фиксните цени на струја. Во делот на лебот почна намалување, з атри до четири дена ќе има намалување на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела очекуваме и намалување на цените на месните производи, сублимира Бектеши.
Тој додаде дека и последните информации на Царинската управа укажуваат дека ќе следува поевтинување на увозната храна.
