Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши влезе во војна со угостителите: Не ви се точни бројките, првин платете даноци, инспекциите ќе продолжат

Бектеши влезе во војна со угостителите: Не ви се точни бројките, првин платете даноци, инспекциите ќе продолжат

Министерот за економија Крешник Бектеши влезе во војна со угостителите по вчерашната прес-конференција на која тие порачаа дека нема да ги користат државните мерки за помош. Им порача да плаќаат даноци, да не бараат начин да работат на црно и дека ќе продолжат засилени инспекции во таа дејност.

„Изнесовте нереални бројки и неточни информации во јавноста. Некои постојано се во обид да работат на црно и да избегнат плаќање на давачки кон државата, а јас со инспекторите ќе продолжиме да го санкционираме таквото работење“, рече Бектеши на денешната прес-конференција.

Угостителите нема да ги користат олеснителните мерки на Владата, зошто според нив тоа ќе значи понатамошно задолжување, кое нема да можат да го издржат. Побараа од Владата, парите кои се наменети за нив да ги потроши на работниците, нагласувајќи дека од почетокот на кризата до сега, угостителите биле приморани да отпуштат од работа дури 15.000 луѓе.

Бектеши денеска рече дека тие бројки не се точни и дека за „Владата е многу важно истите субвенции да одат кај вистинските угостители, кои редовно ги подмириле сите давачки кон држзавата“.

„Се чекаат извештаите од статистика, бројката од 15.000 отпуштени во угостителскиот сектор е потполно неточна. Очекуваме коректен пристап од таа заедница“, додаде Бектеши.

Тој вели дека бројките засега ги демантираат претставниците од вчерашната прес-конференција.

„Активно сме вклучени во сорвбаотка со приватниот сектор, односно коморите. Првите мерки кои се донесоа ги опфаќаат бескаматни кредити и субвенционирани плати и придонеси. Владата во вториот пакет ги дополнителни тие мерки. Укажувањата дека нема да ги користат се неточни, бидејќи фондот за бескаматно кредитирање требаше да го дополнуваме со 8 милиони евра токму поради овој сектор, Сега слушам дека нема да ги искористат сите мерки.



Слично

Поврзани вести