Бектеши: Владата ќе уплати средства на БЕГ, а домаќинствата нема да добијат повисоки сметки
Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска изјави дека Владата во координација со сите институции им предложи на сите компании кои имаат лиценца за снабдување со топлинска енергија, разликата од актуелната до реалната цена, да ја покрие од буџетот.
Владата во име на потрошувачите средставата ќе ги уплати на БЕГ, а домаќинствата нема да добијат повисоки сметки за топлинска енергија. Бектеши ги повика Град Скопје и општините да се вклучат за помош, и да се ублажи притисокот кој го имаат компаниите. Министерот кажа дека 80 отсто ќе покрие Владата. Спомена сума од 5 милиони евра која ќе биде на товар на Владата, а општините ќе покријат милион евра.
Слично
