Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Трговците ги направија празните рафтови, а не купувачите

Бектеши: Трговците ги направија празните рафтови, а не купувачите

Крешник Бектеши, министерот за економија, на денешниот брифинг по повод првиот ден откако се одмрзнати цените и воведувањето на лимитирани профитни маржи на основните производи, рече дека трговците ги испразниле рафтовите во маркетите, а не граѓаните во панично купување.

Министерот рече дека тие трговци кои се служеле со манипулации во текот на викендот, ќе бидат санкционирани уште од денеска.

- Итврдено е дека некои од трговците сами ги повлекле залихите за да ги вратат денеска назад со нови цени. Тоа е утврдено од страна на надлежните институции. Сите тие трговци ќе бидат санкционирани согласно прописите и законите во нашата држава, рече Бектеши.

Тој додаде дека белиот леб во маркетите се движи од 25 до 30 денари и дека нема отстапувања од одлуката за воведување на ограничени профитни маржи.

Мало зголемување на цените е забележано кај месото, кое се прикажувало како преработено за фиктивно да се зголеми трошокот, а не како свежо и увезено.

Кај овошјето и зеленчукот е утврдено намалување на цените од денеска со новата мерка, констатираше министерот.

- Најважно е дека нема зголемување, а тоа може секој да го провери по маркетите. Постапувајќи по одлуката, очекуваме благо намалување кај цените на сите основни производи, изјави тој.

Слично

Поврзани вести