Бeктеши: ТЕ-ТО ќе работи по 7 дена во неделата, и тоа со полна моќност
Mинистерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес - конференија изјави дека е донесена одлука со која се предлага АД ТЕ-ТО Скопје ќе работи по 7 дена во неделата, и тоа со полна моќност.
Електрани на Северна Македонија ќе ја откупува електричната енергија. Цената не треба да е повеќе од 170 евра по мегават час.
„Со производство на електричната енергија дополнително ќе се обезбеди топлинска енергија“, рече министерот.
Вели дека на овој начин ќе се oвозможи континуирано снабдување со топлинска енергија за потрошувачите.
Слично
