Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Сите приговори за 6.000 денари ќе се разгледаат, контрола ќе прави УЈП

Бектеши: Сите приговори за 6.000 денари ќе се разгледаат, контрола ќе прави УЈП

Ќе бидат разгледани сите приговори и на граѓаните ќе им биде одговорено. Тие што исполнуваат услови ќе бидат додадени на списоците, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање за финансиската помош од 6.000 денари. Фактор веќе објави дека до Владата се стасани околу 70.000 приговори. Толку граѓани се пожалиле што ги нема на списокот. Во меѓувреме дел ги добија парите, а може да ги трошат и во кеш и без рок, иако законот првично предвидуваше поинаку. Бектеши вели дека рокот е краток и затоа било одлучено да не биде ограничено.

„Во момент кога доаѓаат празници кога овие средства им се најнеопходни на граѓаните одлучивме да можат да ги користат средствата и по крајниот рок – 25 декември. Секако дека овие средства ќе ја поттикнат приватната потрошувачка, а на јавната потрошувачка ќе влијае и Владата со реализација на повеќе проекти кои се во тек. Ние со оваа мерка им излеговме во пресрет на сите категории граѓани и на сите граѓани кои беа изоставени во третиот сет на економски мерки. Сега помош добиваат и оние кои се невработени, а се пасивни баратели на работа, пензионерите, младите лица и други категории кои не беа опфатени претходно, рече Бектеши 

Министерот вели дека контролата дали и како средствата ќе се користат ќе ја направи Управата за јавни приходи, но посочи дека е убеден оти мерката ќе има големо влијание врз приватната потрошувачка и продажбата на домашните производи, а тоа, како што рече, ќе го покажат и податоците за четвртиот квартал од годинава кога ќе бидат објавени.

Слично

Поврзани вести