Бектеши: Протоколите за свадби ќе бидат разгледани во вторник
Владата, во вторник, ќе донесе одлука за олеснување на анти-ковид мерки и за протоколите за организирање свадби, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Вчера, член на Министерството за економија учествуваше во Комисијата за заразни болести, каде што веќе беа предложени неколку протоколи, кои секако ќе бидат разгледани од Кризниот штаб и на владина седница во вторник“, рече Бектеши, пренесува ТВ21.
Засега е познато дека на свадба ќе може да се повикаат најмногу до 100 гости кои би седеле по шестмина на маса, а ќе биде дозволена и музика.
Слично
