Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Проекцијата на Светска банка е пооптимистичка од нашата за падот на БДП

Бектеши: Проекцијата на Светска банка е пооптимистичка од нашата за падот на БДП

Крешник Бектеши, министерот за економија, не е загрижен за последната прогноза на Светска банка која предвидува пад од 4,1 процент на БДП, бидејќи како што вели тој, проекцијата за минусот во кој ќе влезе македонската економија од страна на македонската влада е уште поголем. Во најновиот извештај за Европа и Централна Азија, СБ проектира пад од 4,1 процент на економијата кога станува збор за Македонија.

- Колку што видов тие имаат пооптимистичко сценарио, поради тоа што предвиделе пад од  4,1 проценти, а ние со последните измени и со усвојување на Ребалансот сме предвиделе пад од 4,4 проценти, рече вчера Бектеши.по доделувањето на грантовите за жени-претприемачи.

СБ за Македонија нотира застој во побарувачката и синџирите на снабдување, поради неликвидност, како и недостигот на приватните инвестиции ,бидејќи како што стои во извештајот. Што се однесува до инвестициите, Бектеши најави дека Комисијата на министерството веќе ги прегледала сите апликации компаниите кои ќе добијат 25 проценти од нивните инвестициски планови, доколку инвестираат за време на кризата.

Бектеши нагласи дека државата ќе продолжи да работи на зачувување на работните места и обезбедување на дополнителни финансиски средства за поттикнување на ликвидноста на компаниите. 

Светската банка во средата соопшти дека очекува економијата на Северна Македонија да се намали за 4,1 отсто оваа година, поради пандемијата КОВИД-19, повеќе од 2,1 проценти проценети претходно во јуни. Сепак, се очекува економијата на земјата да се врати на 3,6% раст во 2021 година.

Шемите за поддршка на владата ќе бидат недоволни за да се спречи пораст на невработеноста и пониски примања на работна сила и дознаките од странство, што веројатно ќе ја зголемат сиромаштијата на околу 23 отсто до крајот на годината, според Светска банка.

Ефектите на пандемијата се очекува да бидат намалени следната година бидејќи епидемијата губи сила. Понатаму, политичката стабилност по изборите и започнувањето на преговорите за пристапување во ЕУ треба да ги зајакне реформите и довербата на инвеститорите.



Слично

Поврзани вести