Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Приротет и следната година е енергетската стабилност, субвенции за приклучок кон гасоводната мрежа

Бектеши: Приротет и следната година е енергетската стабилност, субвенции за приклучок кон гасоводната мрежа

Главни приоритети на Министерството за економија се обезбедување енергетска стабиност, сигурност, создавање услови за развој на индустријата, создавање услови за истражување, искористување на минерални суровини, развој на туризмот со зголемување на стандардите на нашата понуда... Ова го истакна министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната пресконференција.

-  Во услови на најголемата енергетска криза, фокусот на МЕ следната година ќе биде енергертиката. Изминативе три години поминавме низ големи предизвици, а годинава се соочуваме со една од најголемите енергетски кризи во светот. Носевме мерки за поддршка на енергетскиот сектор, на домаќинставата, но и малите и средни компани за послесно справување со енергетската криза. Вкупниот буџет на МЕ за следната година ќе биде 19 милиони евра. Од нив, за поддршка на граѓаните и бизнисот во 2023 година се обезбедени 3,2 милиони евра за мерки за справуање со енергетската кризата, за мерки за енергетска ефикасност, вложување во обновливи извори на енеригја, што е три пати повеќе отколку годинава кога беа 1,1 милиони евра.... – посочи Бектеши.

Тој дополни дека во делот на енергетиката, планирана е поддршка на ранливи категориии од програмата за заштита на ранливите семества, поддршка за лица со ниски примања, но и проширување на програмата со други лица, корисници на право на надоместок заради попреченост, право на надоместок за телесно оштетување...

-  Со оваа програма преку намалување на фактурите за потрошена енергија, на ранливите потрошувачи ќе им се овозможи полесно да се справат со теретот, особено во зимните месеци кога е зголемена потрошувачката на електрична енергија. Планирана е и програма за потикнување на енергетска ефикаснот во домаќинствата со надоместување на дел од трошоци за инвестиции во фотонапонски панели за производство на електрична енергија за сопствена потреба, за вградени сончеви панели, но и за замена на алумински прозорци кај домаќинствата. Со што ќе се стимулираат домаќинствата да инвестираат во штедливи мерки, да си ги намалат трошоците, но и потрошувачката на финална енегија – посочи Бектеши.

Тој дополни дека се планира и надоместок на дел од трошоците за изведба на приклучок кон гасоводната мрежа во 2023 година, при што ќе се субвинониционираат дел од трошоците за приклучок кон гасоводната мрежа кај општините каде има дистрибутивна мрежа, со цел намалување на вкупната потрошувачка на електрична енергија за затоплување.

Планирана е и поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители, кои користат премија, со оглед дека збрзано се градат фотоволтаици на приватно и државно земјиште, за што во минатото беа објавени два огласи, а дел од нив се пуштени во употреба.

Потоа поддршката за преработувачката индустрија за имплементација на индустриска стратегија, општествена одговорност, паметна специјализација и имплементација на извозната стратегија следната година во буџетот се предвидени 62 милиони денари за програма за претпримеништво, конкурентност, финансиска подршака за микро, мали и средни претпријатија, финансиска поддршка за женско претпримеништво...

Слично

Поврзани вести