Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши побогат од Заев!?

Бектеши побогат од Заев!?

Крешник Бектеши, актуелниот министер за економија, поседува поголемо богатство од премиерот Зоран Заев, откри Жаклина Хаџи Зафирова од платформата ПЕП (politically exposed person).

Најбогат министер е Кочо Анѓушев, а во првите 6 најбогати министри покрај него се и Крешник Бектеши, Хазби Лика, Никола Димитров, Зоран Заев и Асаф Адеми.

- Вкупното богатство на најимотните шестмина изнесува 35 милиони евра. Ние се потпираме на официјални документи и изјави од државните институции, иако во моментов Комисијата за антикорупција не може да ни обезбеди информации од јавен карактер, затоа што се избрани нови членови. Сите знаеме дека вицепремиерот Анѓушев е најбогат, додека на второто место е Крешник Бектеши - изјави Хаџи Зафирова за 1ТВ.

Проектот финансиран од Американската амбасада на новинарите и на граѓаите ќе им обезбеди веродостојни информации за функционерите. Веб платформата ќе биде база на податоци за тоа што тие поседуваат, како и нивното поблиско семејство, дали се инволвирани во некакви бизниси, сопственички удели, дали се накаде акционери, односно сите податоци кои се пријавени во Државната комисија за спречување корупција.






Слично

Поврзани вести