Бектеши објави колку струја заштедиле институциите
Институциите сепак успеале да заштедат електрична енергија.
Податоците за потрошувачката во септември годинава, споредено со истиот месец лани, покажуваат дека државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто. Информацијата ја објави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук.

Бектеши вели дека мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги донесе Министерството за економија, а се задолжителни за државните институции, ги даваат резултатите.
Бидејќи сме во време на енергетска криза, препорачано е и граѓаните, но и институциите да штедат.
Слично
