Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши oбјави дека интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради наскоро

Бектеши oбјави дека интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради наскоро

Mинистерот за економија Крешник Бектеши oбјави дека интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година. 

Тој на Фејсбук соопшти дека проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, ќе биде во износ од 28,9 милиони евра.

„Собранието денеска го изгласа Закон за гаранција на Република Северна Македонија за обврските по договорот за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка (ЕИБ) и АД за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси Скопје“ (НЕР) во износ од 28,9 милиони евра“, стои во објавата.

Со изградбата на овој интерконектор ќе се зголеми конкурентноста на државата во делот на природен гас, а тоа ќе значи поконкурентни цени на енергенси за граѓаните и бизнисот.

Слично

Поврзани вести