Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши објави дека седум фирми во Скопје се казнети со по 7.000 евра за непочитување на владините одлуки

Бектеши објави  дека седум  фирми во Скопје се казнети со по 7.000 евра за непочитување на владините одлуки

Само во главниот град денеска се казнети седум фирми поради непочитување на владините мерки. 

Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7.000 евра за непочитување на владините одлуки.

„Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Владата“, објави Бектеши. 

Тој посочува и дека Законот за заштита на потрошувачи предвидува и затворање на дејноста „за нечесни практики во трговијата, кои одат на штета на граѓаните\потрошувачите“.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести