Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши нема да го следи примерот на Костадинов и Мисовски

Бектеши нема да го следи примерот на Костадинов и Мисовски

Министерот за економија, Крешник Бектеши, за медиумите изјави дека нема да побара од неговата сестра да го напушти новото работно место во АД МЕПСО, односно да го следи примерот на пратениците Костадин Костадинов и Горан Мисовски, чии мајка, односно син повеќе не се вработени во државните институции.

Наведе дека во неговото министерство нема вработено ниту еден негов близок или роднина, а во меѓувреме во АД ЕЛЕМ се вработила сопругата за братот на неговата сопруга , Нертила Усеини Каба.

– Јас немам можност да влијаам при вработувањата во ЕЛЕМ или во МЕПСО, под надлежност на Министерството за економија е само Македонски енергетски ресурси. Другите енергетски компании не се во надлежност на ова министерство. МЕПСО е во надлежност на Министерството за транспорт и врски а ЕЛЕМ во надлежност на Владата – вели Бектеши.

Антикорупциската комисија најави дека ќе ги чешла вработувањата на блиските на функционерите, а премиерот Зоран Заев, пак, ги повика истите да дадат отказ од своите работни места.


Слично

Поврзани вести