Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Нема да дозволиме некој да прави профитерство во време на криза

Бектеши: Нема да дозволиме некој да прави профитерство во време на криза

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска изјави дека ако мерките со поевтина струја не дадат ефект, односно ако храната не поевтини, може да донесат одлука за целосно замрзнување на цените. 

Бектеши очекува да се усвои Законот за заштита на потрошувачите и кажа дека нема да дозволат никој да прави профитерство во време на криза. Освен презентираните мерки, кажа дека може да посегнат по други механизми. 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска на прес - конференција изјави дека ќе има поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, леб, брашно, млеко, месна, живинарска индустрија и масло за јадење. 

Слично

Поврзани вести