Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши најавува мерки против ценовните шокови

Бектеши најавува мерки против ценовните шокови

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „ВинВин“ на Телма рече дека се размислува за мерка со која на производителите на основни прехранбени производи или на увозниците на овие производи ќе им се намалат одредени трошоци.

Досега направените анализи, како што посочи Бектеши, покажуваат дека по 1 јуни одредени производи се зголемени поради враќањето на ДДВ-то, но забележани се и разлики во профитната маржа кај различни трговци и во различни градови

„Како Министерство за економија имаме можност да ги укинеме некои трошоци коишто се во функција. Имаме ланци на супермаркети кои имаат различни промоции и политики на утврдување на цени во нивните маркети. За еден производ има различни трошоци и за производителот и за увозникот на тој производ. Во вакво време, ваквите дополнителни трошоци кои влијаат врз цената, треба да бидат укинати. Тоа би го направиле од наредната недела, бидејќи мислиме дека одредени мерки кај некои трговци се нечесни во време кога има големо зголемување на цените“, најави министерот.

Тој во вторник очекува да биде разгледан и предлогот на коморите за профитната маржа за одредени прехранбени производи да се намали на 5, односно на 10 проценти.

„Тоа е предлогот на трговците и ме радува фактот што тие даваат конкретни предлози и сакаат да излезат во пресрет“, изјави Бектеши.




Слично

Поврзани вести