Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши најави странска инвестиција од 20 милиони евра

Бектеши најави странска инвестиција од 20 милиони евра

Кресник Бектеши, министерот за економија, во интервју за Сител откри дека до крајот на септември во Македонија ќе следува договор со странска инвестиција во вредност од 20 милиони евра.

- Се работи за компанија од фармацевтската индустрија која ќе вработи 300 работници во слободната економска зона во Скопје. Тоа е уште една потврда дека одлично фунционира законот за финансиска подршка на странските и домашните инвестиции - рече Бектеши.

Тој додаде дека во тек е и промена на тарифницита за наплата за исцрпување на руда и минерални суровини.

= Не може да се плаќа 30 евра и за мермер и за црпење песок. Ценовникот ќе биде различен, но и сумите ќе бидат поголеми и истите ќе одат за подобро здравство, образование и животна средина - вели министерот.

Додаде дека пазарџиите со тоа што секој месец ќе плаќаат придонеси од 2.000 денари ќе го решат својот долгорочен статус и со издавањето на лиценците од нивното здружение ќе се обезбеди подобар квалитет на производите што ќе ги нудат.


Слично

Поврзани вести