Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши најави интервенции кај големите профитни маржи

Бектеши најави интервенции кај големите профитни маржи


Министерот за економија Крешник Бектеши, говорејќи во емисијата 24 анализа, рече дека денеска ги добил сите податоци од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и утре ќе одржи координативен состанок со овие како и со останатите институции кои се релевантни во секторот трговија за да се испита каде има големо зголемување на профитните маржи.

–  Во четврток ќе имаме состаноци со Стопанските комори и секторски со трговците на големо и со трговци на мало, и со производители на основни прехранбени производи и кон крајот на неделата ќе одлучиме согласно сите податоци, изјави Бектеши.

Бектеши најави интервенција од државата доколку се покаже дека има манипулации од одредени трговци и самите не ги вратат цените согласно некоја нормална маржа на добивка.

Според министерот, кај домашните производи ќе се анализираат влезните цени на суровините и производствените цени.

Слично

Поврзани вести