Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши најави 100 процентно субвенционирање, но само за кичевчани

Бектеши најави 100 процентно субвенционирање, но само за кичевчани

Крешник Бектеши, министерот за економија, најави 100-процентно субвенционирање на еколошки системи за затоплување но само за домаќинствата од општина Кичево.

„Утре е денот на рударите во ТЕЦ Осломеј. Во оваа прилика да ги информираме граѓаните за новиот проект на Владата во соработка со Електрани на Северна Македонија за Општина Кичево !!!

Семејствата во оваа општина ќе бидат 100% финансиски поддржани за замена на системите за греење со системи кои се поевтини, но не ја загадуваат животната средина“, напиша Бектеши доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.

Во моментов во ТЕЦ Осломеј е предвидена локација на која се гради фотонапонската централа со инвестиција од седум милиони евра. Фотоволтаичната електрана ќе се гради на веќе постоечкиот рудник.

Согласно договорот, предвидено е поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј  за околу една година да  бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична мрежа. На таа локација ќе биде изградена фотоволтаична централа во која ќе бидат ангажирани околу 1.000 вработени во „Осломеј“ откако ќе поминат содветна едукација.



Слично

Поврзани вести