Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши на отворањето на понудите: Над 80 учесници за доделување премии

Бектеши на отворањето на понудите: Над 80 учесници за доделување премии

Крешник Бектеши, министерот за економија, информира дека на денешното отворање на понудите од Јавниот оглас за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски централи имало 81 учесник.

„Над 80 понуди пристигнаа на првиот јавен повик за доделување на премии за изградба на фотоволтаични централи на државно земјиште. Како Влада сме фокусирани за зголемување на производството на струја од обновливи извори на енергија и спроведување на реформите во енергетскиот сектор согласно европските директиви“, објави Бектеши.

Министерот присуствуваше на јавното отворање на понудите и се обрати пред заинтересираните во Клубот на пратеници.

Слично

Поврзани вести